• вторник, 19 ноември 2024

Шведската здравствена агенција бара одложување на олеснувањето на ограничувањата

Шведската здравствена агенција бара одложување на олеснувањето на ограничувањата
Стокхолм, 30 март 2021 (МИА) - Шведската здравствена агенција побара од Владата да го одложи за скоро еден месец планираното олеснување на некои ограничувања насочени кон забавување на ширењето на Ковид-19, бидејќи земјата се соочува со трет бран на вирусот. Шведската агенција претходно предложи некои ограничувања да бидат укинати од 11 април, како ограничување на бројот на посетители на забавни паркови, концерти и фудбалски натпревари на само осум лица. „Ширењето на Ковид-19 се забрзува, што резултира со зголемен товар на здравствената заштита“, нагласува здравствената агенција во соопштение. „Шведската агенција за јавно здравје предлага датумот кога може да се отворат одредени активности да се одложи за 3 мај, под услов состојбата со инфекцијата да се подобри“, се додава во соопштението. паг/

Остани поврзан