• недела, 07 јули 2024

Швајцарија ќе го ограничи рекламирањето на тутунот

Швајцарија ќе го ограничи рекламирањето на тутунот
Берн, 13 февруари 2022 (МИА) - Швајцарците на денешниот референдум се изјаснија „за“ забрана за рекламирање на тутун, бидејќи нив ги гледаат и деца и адолесценти. „За“ забрана се изјасниле 54 отсто од излезените гласачи. Новиот текст предвидува забрана на сите реклами за тутун што децата или адолесцентите може да ги видат, на пример во печатените медиуми, на плакатите или на интернет, во кината или за време на демонстрации. Истите правила важат и за електронските цигари. Рекламите што се само за возрасни, како што се електронската пошта и понатаму ќе бидат дозволени. Во Швајцарија, каде секој четврти граѓанин пуши, досега немаше строги закони за рекламирање на тутунот, пред се поради лобирањето на најголемите производители на цигари во светот, кои во земјата имаат свои седишта. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан