• недела, 22 декември 2024

Шаќири очекува Собранието брзо да ги усвои новите закони за средно образование и за стручно образование и обука

Шаќири очекува Собранието брзо да ги усвои новите закони за средно образование и за стручно образование и обука

Скопје, 17 јануари 2024 (МИА) - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири очекува Собранието брзо да ги донесе новите закони за средно образование и за стручно образование и обука кои вчера, на иницијатива на МОН; беа усвоени на седница на Владата. 

-Новиот Закон за средно образование ќе овозможи развој на клучните компетенции и вештини кај младите, со особен фокус на дигиталните, неопходни за понатамошното образование и успешно вработување. Првпат се воведува и кариерно советување, кариерен советник и координатор за практично образование, а се регулира и ученичкото организирање и учество во носење одлуки, напиша Шаќири на Фејсбук.

Со новиот Закон за стручно образование и обука, пак, се регулира концептот на дуално образование за чија надградба и проширување, нагласува министерот, „се заложуваме повеќе години“.
 

-Законите се проследени до Собранието и очекувам брзо усвојување, затоа што беа изготвени преку инклузивен процес во кој учествуваа сите засегнати чинители, наведува министерот за образование и наука. хс/са/ 

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан