• вторник, 24 декември 2024

Шарл Мишел ја повика Грузија да спроведе истрага за наводните нерегуларности на изборите

Шарл Мишел ја повика Грузија да спроведе истрага за наводните нерегуларности на изборите

Брисел, 27 октомври 2024 (МИА) – Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска повика на итна и транспарентна истрага за наводните нерегуларности за време на парламентарните избори во Грузија и најави дека ова прашање ќе го вклучи во агендата на самитот на ЕУ во ноември.

- Ја добивме прелиминарната оценка на ОБСЕ/ОДИХР и ја повикуваме Централната изборна комисија и другите релевантни органи да ја исполнат својата должност и брзо, транспарентно и независно да ги истражат и разгледаат изборните прекршувања и наводи. Овие наводни прекршувања мора сериозно да се истражат и отстранат, изјави Мишел.

Според него, Европската унија продолжува да го повикува раководството на Грузија да покаже силна посветеност на патот на земјата кон Европската унија. јт/

 

Остани поврзан