• недела, 22 декември 2024

Шарл Мишел на 2 и 3 јули во посета на Црна Гора

Шарл Мишел на 2 и 3 јули во посета на Црна Гора

Подгорица, 24 јуни 2024 (МИА) - Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на 2 и 3 јули ќе престојува во официјална посета на Црна Гора, на покана на претседателот на државата Јаков Милатовиќ.

„Оваа посета доаѓа во пресрет на претстојната Меѓувладина конференција, со цел да се нагласи ЕУ перспективата на Црна Гора, досегашниот напредок на европскиот пат и добивањето на ИБАР (Извештај за исполнување на привремените одредници), како и продолжувањето на реформскиот процес. Ова е втора посета на високи претставници на ЕУ откако Јаков Милатовиќ ја презеде функцијата претседател на Црна Гора. Пред тоа, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ја посети Црна Гора во октомври 2023 година“, се вели во соопштението.

Од Кабинетот на претседателот посочуваат дека посетата на Шарл Мишел претставува важен чекор во зајакнувањето на односите меѓу Црна Гора и Европската Унија на политички и економски план и дополнително ја потврдува определбата на земјата да чекори поодлучно кон полноправно членство во ЕУ. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан