• понеделник, 23 декември 2024

Шарли ебдо оценува дека лидерите на религиозните заедници се премногу тивки

Шарли ебдо оценува дека лидерите на религиозните заедници се премногу тивки
Париз, 17 август 2022 (МИА) - Сатиричниот весник Шерли ебдо во своето најново издание е огорчен поради недостигот на осуди од верските водачи против нападот на американско-британскиот писател Салман Ружди, јави дописникот а МИА. - Слушнавме некои политичари како изразуваат огорченост, но многу малку од верските власти, напиша Рис, главен уредник и еден од ретките преживеани од нападот врз Шарли Ебдо во јануари 2015 година, во својот едиторијал. Според него „написите во иранските медиуми кои му честитаат на напаѓачот не треба да го сокријат фактот дека неколку сунитски верски и духовни лидери на други религии го осудија овој напад. Во денешниот број на Шарли ебдо има карикатура на романсиерот со индиско потекло на улиците на Њујорк, со лузни на лицето и очите. „Салман Ружди се чувствува подобро: Конечно се шета инкогнито!“, коментира карикатуристот Феликс. Исламистичките екстремисти на Ружди му се закануваа со смрт од страна на уште од објавувањето на „Сатански стихови“ во 1989 година, роман што поттикна фатва од иранскиот ајатолах Рухолах Хомеини со барање за негово убиство. тг/

Остани поврзан