• сабота, 23 ноември 2024

Шарените, тесни „тај-дај“ панталони во ново руво

Шарените, тесни „тај-дај“ панталони во ново руво
Лос Анџелес, 31 март 2020 (МИА) - Панталоните во шарен „тај-дај“ стил долго време важат за необично, „забегано“ парче облека. Стилистот и уметник Зек Сирока го носи овој тренд на едно ново ниво. - Си направив таков пар за себе, па сите почнаа да ме прашуваат од каде ми се... Потоа почнав да правам панталони за пријателите, па и за туѓинци, вели уметникот. Тој сакал овие шарени, тесни панталони од „забегани“ да ги направи „кул“. Според многумина, тоа и му успеало. си/сд/

Остани поврзан