• вторник, 05 ноември 2024

Шампионот Медведев елиминиран во Дубаи

Шампионот Медведев елиминиран во Дубаи

Дубаи, 1 март 2024 (МИА) - Шампионот од минатата сезона, Даниил Медведев е елиминиран во полуфиналето на тенискиот турнир на тврди терени во Дубаи (ОАЕ) со награден фонд од 3,1 милиони долари.

Русинот, кој е прв носител на турнирот, загуби со 5:7, 3:6 од Хуго Хамбер.

Францускиот тенисер направи брејк во 12. гем од првиот дел за да поведе со 1:0. Во вториот сет, Хамбер, кој е 18-ти во светот, победи на сервисот на Медведев за 5:3, а потоа успешно сервираше за конечни 6:3, кои дојдоа по час и 51 минута игра.

-Играв перфектно, тоа беше еден од моите најсилни натпревари. Не беше воопшто лесно со оваа размена на квалитетни удари, но сега имам голема самодоверба. Тоа се должи и на освојувањето на титулата на самиот почеток на сезоната, изјави Хамбер, цитиран од официјалната веб-страница на АТП. дс

Фото: Архива

Остани поврзан