• среда, 27 ноември 2024

Шаленберг: Војната во Украина нема да заврши брзо

Шаленберг: Војната во Украина нема да заврши брзо
Виена, 21 октомври 2022 (МИА) - Австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг смета дека војната во Украина нема да биде завршена брзо. Тој во обраќање до надворешнополитичкиот одбор на Парламентот на Австрија, истакна дека по новата ескалација, јасно е оти мировното решение е најдалеку досега. Шаленберг укажа дека решението може да се постигне само на преговарачка маса, додавајќи оти опасно е барањето за примирје да се одбива како некоја смешна работа. Тој се залагаше за посилно поврзување на Западен Балкан со Европската Унија. - Војната во Украина го крие ризикот од дестабилизација на состојбата на Западен Балкан, тврди министерот, според кој, важно е Австрија да го поддржи граѓанското општество. Што се однесува на ставот на ЕУ кон Русија, Шаленберг оцени дека наредните месеци, клучни фактори се единството, умереноста и смиреноста. бд/зш/

Остани поврзан