• понеделник, 23 декември 2024

Шакира и Жерар Пике ја продаваат вилата

Шакира и Жерар Пике ја продаваат вилата

Барселона, 16 ноември 2022 (МИА) - Откако колумбиската пејачка Шакира и шпанскиот фудбалер Жерар Пике постигнаа договор за нивната разделба, наводно се согласиле и да ја продадат својата раскошна вила во којашто живееја заедно во Барселона, објави „Социјалите“.

Вилата од 380 квадратни метри се наоѓа во Есплугес де Јобрегат - приватна област на околу половина час возење од центарот на градот. Сликите од здането, коишто се појавија на интернет, даваат поглед во домот на познатата поранешна двојка. Цената се очекува да биде меѓу 12 и 14 милиони евра.

Вилата има и мало фудбалско игралиште изградено од Пике, а и свое студио за снимање и вежбалница. Двојката минатата недела постигна договор за старателство, според кој пејачката ќе се пресели во Мајами, САД, со двата сина Милан и Саша. „Потпишавме договор за старателство. Наша единствена цел е да им обезбедиме на нашите деца најголема безбедност и заштита и надеж дека ќе можат да продолжат со својот живот во безбедна и мирна средина“, се вели во заедничката изјава на поранешната двојка. Угледниот каталонски весник „Ел периодико“ откри дека Жерар ќе биде со децата 10 дена во месецот, почнувајќи од следната година, плус празници. јт/

Остани поврзан