• недела, 22 декември 2024

Шабани: Четири години бевте сведоци на работите што ги завршивме, над два милиони евра инвестиции

Шабани: Четири години бевте сведоци на работите што ги завршивме, над два милиони евра инвестиции
Скопје, 4 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот и актуелниот градоначалник на Општина Врапчиште на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Исен Шабани, пред жителите рече дека ќе ги презентираат работите и делата што се направени. Тој истакна дека во изминатитете години, општината реализирала проекти во вредност од над два милиони евра.
- Вечерва не е време да разговараме, вечер е време да избереме. Четири години бевме сведоци на делата и ветувањата што беа пред нас. Секој е сведок на работата што е завршена од областа на образованието, културата итн. Другите ветуваа 20 години, а ништо не постигнаа. Ние не бараме мандат со сила, со државниот апарат, бараме мандат од народот затоа што сме чисти и горди. Противниците претставуваат платформа што ни тие сами не ја знаат. Се вративме кај народот и работиме за народот. Дозволете ни да му дадеме рака на народот и да ја изградиме иднината. Од вечерва ми завршува четиригодишниот мандат, ваше е да одлучите кој ќе води општината следните четири години, рече Шабани.
Претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села истакна дека маката на Заев е „тоа што ќе ги загуби изборите и во декември повеќе нема да биде премиер“.
- Ќе му покажеме добро на тој премиер кој дојде во име на желбата за правда, во име на владеењето на правото и правната држава, во име на борбата против корупцијата, во име на соборување на режимот, а го изгради истиот режим и уште полош. Го гледате овој премиер секоја вечер, не поминува недела кога не се обидува да прикрие некој скандал. Овој премиер ќе мора да знае дека денес има илјадници Албанци кои не го уживаат правото да учат на својот јазик, и јас велам ова не е национализам, туку е заштита на основните човекови права без оглед на етничката припадност што ја има. Тој што го забранува ова, е националист, рече тој.
Села потсети на ветувањата на Заев, што ги даде од мостот во Лока, кој се уште не е изграден и децата во Блаце кои секојдневно ја минуваат границата за да се школуваат.
 -И ова што го кажувам е во име на правата и слободата. Ете овој премиер кој стана толку гласен во обвинувањето за нас. Дали знаете каде му е маката? Тој се грижи затоа што заедно со неговиот партнер Али ќе ги загубат овие локални избори од Струга до Липково, и во Скопје и секаде, а во декември повеќе нема да биде премиер, бидејќи ќе има нова влада, што ќе биде во рацете на албанските политички субјекти што се грижат за Албанците каде и да се, истакна Села.фф/вј/

Остани поврзан