• петок, 22 ноември 2024

Шабани: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за многу краток период ќе ги поддржат уставните измени

Шабани: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за многу краток период ќе ги поддржат уставните измени
Скопје, 11 март 2023
 
Одлучивме да станеме дел од парламентарното мнозинство бидејќи на овој начин овозможуваме да се постигне потребниот број за изгласување на уставните измени. 
Вака ја образложува одлуката на приклучување на АА во Владата, Исен Шабани-организативен секретар на овој субјект и градоначалник на Општина Врапчиште.
 
Тој во емисијата “Политика“ на ТВ Глоби рече дека во одлуката се влијаело за да станат дел од извршната власт и за да се преземе одговорност за земјата да се движи побрзо на европскиот пат.
 
“Ние можевме да ја поддржиме малцинската влада но, не сакавме да бидеме обвинети дека како опозиција соработуваме со таа влада. Затоа, решивме да преземеме одговорност и сега кога ја презедовме одговорноста, треба да помогнеме во овој процес на уставните измени во рок од десет месеци. На овој начин ние даваме шанса да се постигнат бројките за уставните измени, бидејќи ако одберевме да останеме во опозиција, тоа ќе беше полесно но, ќе имавме криза и можеби ќе одевме на предвремени парламентарни избори, не ни преостануваше друг пат“, изјави Шабани. 
 
Тој ја изрази неговата убеденост дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржат уставните измени. 
“Да, шансите се големи, ние имаме надеж и работиме во тој правец. Се надевам дека и кај македонската најголема партија, која што ја создава најголемата блокада, ќе има пратеници кои ќе ги поддржат уставните измени“, додаде Шабани.
 
Запрашан од каде ова убедување, Шабани рече дека некои од пратениците на партијата на Мицкоски самите го сакаат ова.
 
“Кога разговараме во претседателството на партијата, нашите пратеници кажуваат дека комуницираат со сите нивни колеги од другите политички субјекти но, конкретно сега кога зборуваме за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, тие кажуваат дека има вољја што укажува дека сега тие, во еден многу краток период, ќе ја поддржат идејата за уставните измени, иако сега имаат притисок од нивниот лидер. Се разбира, тој е под притисок од тоа што изјавил порано и не знае како да излезе од таа ситуација но, тој тоа го прави повеќе за политички маркетинг“, истакна Шабани. 
 
Шабани е уверен дека до крајот на годината уставните измени ќе бидат изгласани.
 
Алијанса за Албанците
___________________________________________________________________

 МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото: Алијанса за Албанците

Остани поврзан