• понеделник, 23 декември 2024

Чулев: Заради физичкото здравје на граѓаните, добро е полицискиот час да не трае долго

Чулев: Заради физичкото здравје на граѓаните, добро е полицискиот час да не трае долго
Охрид, 1 мај 2020 (МИА) – Како Министерство за внатрешни работи утврдивме дека свеста кај граѓаните е се поголема и генерално се почитува одлуката на Владата за ограничување на движењето. Заради физичкото здравје на самото население, добро е полицискиот час да не трае долго, истакна министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев. Тој денеска беше во работна посета на Охридско-струшкиот регион каде посети неколку полициски пунктови, како и најголемиот државен карантин, хотелот „Дрим“ во Струга каде моментално се сместени повеќе од 200 македонски државјани, претежно наши иселеници од Италија. Чулев ја поздрави дисциплинираноста на граѓаните во насока на справување на последиците од епидемијата на коронавирусот, како на лицата што се во карантин односно самоизолација така и на целото население. Во однос на вчерашниот пожар во кафе-барот „Фонтана“ во трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, Чулев нагласи дека е рано да се даваат какви било коментари додека е во тек истрага за случајот. Рече дека се поверуваат снимките од безбедносните камери што ќе помогне во расветлување на околностите околу предметот по кој се постапува. По однос обвинувањата од СДСМ за постапувањето на полицијата при распределбата на донацијата хуманитарни пакети во Струмица, Чулев истакна дека било постапувано согласно пропишаните процедури и стандарди во односните околности. - Во конкретниот случај полициските службеници постапувале согласно мерката за спроведување на мерките за ограничување на движењето. Со цел да се отстранат какви било сомневања околу почитувањето а интерните прописи и Законот за внатрешни работи, ангажиран е Одделот за внатрешна контрола кој во најкраток рок ќе ги истражи околностите за постапувањето на полициските службеници и ќе ги отстрани сите недоумици, рече Чулев. Министерот ја искористи приликата на граѓаните и на припадниците на МВР да им го честита празникот на трудот 1 Мај. аб/бт/

Остани поврзан