Традиционалниот чорбест грав е едно од омилените јадења во македонската кујна – топол, заситувачки и полн со вкус. Совршен е за семеен ручек, особено во постудените денови, кога мирисот на запршката и ловоровиот лист го исполнува домот.
Состојки (за 4–6 лица):
- 500 грама грав
- 2 главици кромид
- 1 чешне лук
- 1 домат
- 2 свежи пиперки
- 1 китка свеж магдонос / нане
- 2–4 моркови
- Црн бибер по вкус
- 1 полна лажица црвена пипер
- 3–5 ловорови листови
- Околу 50 мл масло
- Сол по вкус
Подготовка:
Гравот измијте го и оставете го да кисне 3–4 часа или преку ноќ. Потоа повторно исплакнете го и ставете го да се вари на тивок оган. По првото зовривање, исфрлете ја водата и налејте чиста топла вода. Додадете ги пиперките цели (исчистени од дршката и семето) и ловоровиот лист. Варете околу 1 час или повеќе, во зависност од видот на гравот. Кога пиперките ќе се сварени извадете ги и исчистете ја лушпата, потоа вратете ги во гравот и посолете по вкус. Морковите исечете ги на коцки. Ставете ги во тава да се пропржат на масло заедно со крупно сечканиот кромид. Додадете го и лукот исечкан на парчиња. Доматот излупете го, ситно исечкајте го и додадете го во тавата. Додајте ја црвената пипер и мешајте постојано за да не загори. Потоа ставете 100–150 мл доматно пире и свежо мелен црн бибер. Кога смесата ќе се испржи и ќе добие убава румена боја турете ја во тенџерето со гравот. Се остава да зоврие и се трга настрана. За време на варењето не мешајте го гравот. По потреба додавајте топла вода и внимавајте на густината. Кога јадењето ќе биде готово и ќе го тргнете од оган, пред сервирање додајте ситно сечкан свеж магдонос или нане.
Послужете го топол, со свеж леб и по желба со лута пиперка.
Фото: Фрипик