Чолаку: Романија нема да испрати мировни сили во Украина
- -Не. Не се согласувам со испраќање војници и веќе разговарав за тоа со вршителот на должноста. Ова ќе биде ставот што тој ќе го пренесе на Европскиот совет. Романија нема да придонесе за распоредување сили во Украина. Прво мора да се постигне мир. Романија мора да ја стабилизира ситуацијата во своите граници - ние ја имаме најдолгата граница со Украина, пристап до Црното Море, а најсилниот начин за засилување на источното крило е на наша територија, а не со испраќање сили во зоната на конфликтот, изјави Чолаку за Романија. ТВ, пренесе Аџерпрес

Букурешт, 28 февруари 2025 (МИА) – Романскиот премиер, Марсел Чолаку, изјави дека Романија нема да испрати мировни сили во Украина, став што на самитот на Европскиот совет ќе го пренесе вршителот на должноста претседател Илија Бологан.
-Не. Не се согласувам со испраќање војници и веќе разговарав за тоа со вршителот на должноста. Ова ќе биде ставот што тој ќе го пренесе на Европскиот совет. Романија нема да придонесе за распоредување сили во Украина. Прво мора да се постигне мир. Романија мора да ја стабилизира ситуацијата во своите граници - ние ја имаме најдолгата граница со Украина, пристап до Црното Море, а најсилниот начин за засилување на источното крило е на наша територија, а не со испраќање сили во зоната на конфликтот, изјави Чолаку за Романија. ТВ, пренесе Аџерпрес.
Романскиот премиер додаде дека се залага за што побрзо и трајно завршување на војната во Украина, нагласувајќи дека „десетици илјади луѓе секоја недела ги губат животите во оваа војна“.сд/
фото:МИА архива