• понеделник, 23 декември 2024

Член на италијанската Камора уапсен во Португалија по 20-годишна потера

Член на италијанската Камора уапсен во Португалија по 20-годишна потера

Лисабон, 9 март 2024 (МИА) - Португалската полиција денеска соопшти дека уапсила член на италијанската криминална организација Камора по две децении трагање.

Во соопштението на полицијата се наведува дека апсењето го извршила на северот на земјата и дека против членот на камората, како што е позната неаполската мафија, била распишана европска потерница.

-Пред 20 години, 69-годишникот беше осуден на 15 години затвор за трговија со дрога, но отиде во бегство и оттогаш е баран од италијанските власти, соопшти полицијата.

Тој се појави пред португалски судија и ќе остане во затвор во очекување на екстрадиција. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан