Членови на израелската Влада имаат „геноцидна намера“, тврди британски министер за здравство
- „Ситуацијата во последните месеци дури стана несовесна и ужасна. Ова е навистина нешто што мислев дека никогаш нема да го видам во таканаречена прозападна демократија“, рече Ахмед во интервју за списанието Холируд, направено неколку дена пред неговото назначување. „Постојат членови на израелската Влада кои сигурно имаат геноцидна намера - членови на владата кои се обвинети од Меѓународниот кривичен суд. Ова е дипломатска позиција без преседан“, додаде тој.
Лондон, 22 септември 2025 (МИА) - Членови на израелската влада имаат „геноцидна намера“ во врска со Појасот Газа, изјави новоназначениот британски министер за здравство, Зубир Ахмед, објави ДПА.
Ахмед беше назначен на функцијата претходно овој месец откако британскиот премиер Кир Стармер го реконструираше својот кабинет по оставката на заменик-премиерката Анџела Рејнор.
Британската влада се воздржа од тоа да ги нарече акциите на израелската армија во Газа „геноцид“ и покрај јавните повици и изјави за ова прашање од страна на шкотскиот прв министер Џон Свини.
„Ситуацијата во последните месеци дури стана несовесна и ужасна. Ова е навистина нешто што мислев дека никогаш нема да го видам во таканаречена прозападна демократија“, рече Ахмед во интервју за списанието Холируд, направено неколку дена пред неговото назначување. „Постојат членови на израелската Влада кои сигурно имаат геноцидна намера - членови на владата кои се обвинети од Меѓународниот кривичен суд. Ова е дипломатска позиција без преседан“, додаде тој.
Овој почитуван хирург, сега на чело на ресосорт здравство, додаде дека ќе пристигнел во Газа со медицинска добротворна организација еден ден пред изборите во Велика Британија минатата година доколку преминот Рафа во јужниот дел на Појасот не бил затворен две недели порано, забележа ПА Медиа (PA Media).
„Нема конкретна воена одлука што британската Влада може да ја донесе за да го спречи ова. Навистина е болно да се каже дека сум во позиција на моќ, а во исто време сум релативно немоќен во овој конфликт“, додаде тој.
ПА Медиа забележа дека испратила барање за коментар до британската Влада.сд/
фото: Википедија