• понеделник, 23 декември 2024

Чистење на реката Пена и месноста Бањиче по повод Светскиот ден на водата

Чистење на реката Пена и месноста Бањиче по повод Светскиот ден на водата
Тетово, 21 март 2021 (МИА) - Македонско - хрватското друштво (МХД) заедно со еколошко - нуркачкиот клуб „Пена“ денеска по повод Светскиот ден на водата спроведе акција за чистење на речното корито на Пена и на месноста Бањиче близу Тетово. Активностите се во рамките на проектот „За чиста и здрава вода, стоп на загадувањето на водите“. -И покрај не толку поволните временски услови, акцијата беше успешно спроведена и беше собрана голема количина на пластика, хартија и друг вид на отпад, па дури и делови од возила. Се собираше смет од реката Пена, во самата месност Бањиче, околу изворите со минерална вода, долж патот и патеката. Десетмина активисти собраа над 35 вреќи смет. Се надеваме дека ваквите активности ќе послужат како поттик за здрава животна средина, но и за здрава и чиста вода, информираат од МХД. Во текот на денот беше одржана и панел дискусија поврзана со загадувањето, квалитетот и заштитата на водите. ас/вј/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан