• петок, 20 декември 2024

Чешкиот претседател ја скрши раката, стабилен по операцијата

Чешкиот претседател ја скрши раката, стабилен по операцијата
Прага, 26 август 2020 (МИА) - Чешкиот претседател Милош Земан имаше операција по падот во кој ја скрши раката и е во стабилна состојба, изјави денеска неговиот портпарол Јиржи Овчачек. Земан (95) беше хоспитализиран доцна синоќа поради повреди. Тој паднал во неговата резиденција додека одел без бастун, што обично го користи. - Претседателот сега е на стандардна постоперативна нега, рече Овчачек. Земан страда од невролошки компликации во ногата и обично оди со помош на бастун или телохранител. паг/

Остани поврзан