• понеделник, 23 декември 2024

Новиот претседател на Чешка оценува дека Украина треба да влезе во НАТО штом заврши војната

Новиот претседател на Чешка оценува дека Украина треба да влезе во НАТО штом заврши војната

Прага, 1 февруари 2023 (МИА) - Новоизбраниот претседател на Чешка Петр Павел денеска изјави дека на Украина треба да и се дозволи влез во НАТО „штом војната ќе заврши“.

Павел, пензиониран генерал на НАТО, за Би-Би-Си изјави дека Украина ќе биде „морално и практично подготвена“ да се приклучи на Алијансата кога ќе заврши конфликтот.

Во своето прво интервју за странски медиуми како претседател, Павел цврсто ја бранеше западната воена поддршка за Киев, велејќи дека не треба да има „речиси никакви ограничувања“ за пратките.

Тој додаде дека испраќањето западни борбени авиони Ф-16 за него „не е табу“, но дека не е сигурен дека тие би можеле да бидат испорачани во време кое би му одговарало на Киев.

Американскиот претседател Џо Бајден ја отфрли можноста за испраќање Ф-16 оваа недела, иако францускиот претседател Емануел Макрон рече дека ништо не е исклучено.

-Горд сум што мојата земја беше една од првите што обезбеди значителна воена помош за Украина, изјави Павел за Би-Би-Си.

Тој го поздрави испраќањето западни тенкови во Украина, но додаде дека верува оти „тоа се уште не е доволно“ да се спротивстави на Русија. ссм/

Остани поврзан