• понеделник, 23 декември 2024

Чешка од понеделник воведува вонредна состојба

Чешка од понеделник воведува вонредна состојба
Прага, 30 септември 2020 (МИА) - Чешката Влада прогласи вонредна состојба, која стапува во сила од понеделник, и воведе мерки кои вклучуваат ограничување на собири и забрана за мјузикли и опери во борбата против новиот бран на коронавирусот. Државата, во која живеат 10,7 милиони жители, овој месец забележа повеќе од 43.000 заразени случаи со Ковид-19 и пораст на бројот на починати за 50 отсто, што претставува втор најголем европски пораст на инфицирани по Шпанија. Чешкиот министер за здравство Роман Примула најави заострување на мерките кои ќе траат две недели. Во земјата ќе бидат ограничени собирите во затворено на 10 луѓе, а на отворено максимум 20. Спортските натпревари ќе продолжат, но без публика. Средните училишта во покраините со поголем ризик од понеделник ќе почнат со настава од далечина, а ќе им се придружат и универзитетите. гт/

Остани поврзан