Чешка донираше инкубатор за бебиња на клиниката „Мајка Тереза“ во Чаир
- СООПШТЕНИЕ: Сигурен сум дека овој инкубатор со висока технологија понатаму ќе го унапреди угледот на клиниката во Чаир и ќе спаси многу бебешки животи,“ рече чешкиот амбасадор Јарослав Лудва.
Скопје, 23 април 2024
Чешкиот амбасадор Јарослав Лудва заедно со Министерот за здравство Илир Демири официјално предаде инкубатор од чешката фирма ТСЕ Ческе Будјејовице. „Оваа опрема од ТСЕ е уште една потврда за пријателските врски помеѓу нашите две земји. Сигурен сум дека овој инкубатор со висока технологија понатаму ќе го унапреди угледот на клиниката во Чаир и ќе спаси многу бебешки животи,“ рече чешкиот амбасадор Јарослав Лудва.
Финансирањето на проектот беше обезбедено од Чешката агенција за развој заедно со македонската фирма Промедика.
„Промедика во своето делување останува посветена општествено одговорна компанија учествувајќи во донација на најсовремен инкубатор за потребите на Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир, Скопје. Веруваме дека оваа донација значи многу за најмалите и најборбените пациенти, за нивните семејства и за целиот персонал којшто ги лекува овие бебиња,“ рече Маја Николовска, директор на Промедика.
Амбасада на Чешката Република во Скопје
Фото: Амбасада на Чешката Република во Скопје
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.