• вторник, 29 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во нападот на полициска станица во Чеченија загина полицаец, напаѓачот е ликвидиран

Во нападот на полициска станица во Чеченија загина полицаец, напаѓачот е ликвидиран

Москва, 9 април 2025 (МИА) - Во нападот врз полициска станица во Чеченија во вторникот загинаа полицаец и напаѓач со нож, соопштија официјални лица, а шефот на рускиот регион, Рамзан Кадиров, посочи дека во нападот учествувал украински државјанин.

Кадиров, чеченскиот лидер и поддржувач на лидерот на Кремљ Владимир Путин, рече дека напаѓачот бил „елиминиран“ по нападот во полициската станица во Ачка-Мартан, пред регионалниот главен град Грозни.

Тој испрати чеченци да се борат заедно со руските војници во сега повеќе од тригодишната војна во Украина, која Русија ја започна со инвазија на својот помал сосед.

Во коментарите објавени на Телеграм во вторникот, Кадиров вели дека е утврдено дека напаѓачот дејствувал по налог на група предводена од украински државјанин, без да посочи детали.

Кадиров е на чело на регионот од 2007 година. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан