Четири години по отказот во Манчестер, Солскјер одби да се врати на работа
- Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер ја одби можноста да се врати по трет пат на чело на норвешкиот Молде
Молде, 11 декември 2024 (МИА) - Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер ја одби можноста да се врати по трет пат на чело на норвешкиот Молде.
Менаџерот е без работа откако беше отпуштен од Манчестер Јунајтед во ноември 2021 година.
Сепак, тој ја одби шансата да се врати на кормилото на Молде. Претседателот на норвешкиот клуб го контактирал стручњакот по отказот на Ерлинг Мое, но не добил одговор, според ВГ.
Молде се раздели со Мое по поразот од Фредрикштад во финалето на Купот на земјата, што значи дека клубот нема да игра во Европа следната сезона. дс
Фото: Архива