• понеделник, 17 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Четириесетгодишниот Леброн Џејмс има подобра статистика од неговата најдобра во досегашната кариера

Четириесетгодишниот Леброн Џејмс има подобра статистика од неговата најдобра во досегашната кариера

Лос Анџелес, 4 март 2025 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс бележи извонредни изданија во 2025 година.

Откако наполни 40 години, Леброн Џејмс има просек од 26,5 поени, 8,3 скока и 8,1 асистенции. Овие статистички показатели ги надминуваат оние што ги прикажа во сезоната 2012/13, која се смета за најдобра во неговата кариера.

Според аналитичарите на НБА-лигата, оваа статистичка аномалија се должи на фактот што лигата бележи значително зголемување на темпото на игра и ефикасноста во последните десет години.

Колку за споредба, во сезоната 2012/13, најефикасен тим беше Денвер, кој постигнуваше 106 поени по натпревар, додека досега во сезоната 2024/25, Мемфис постигнува 123 поени по натпревар. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан