Четвртоодделенците од основните училишта во посета на Општина Центар
- Во рамки на предметот Историја и општество, изминатата недела учениците од четврто одделение од сите осум основни училишта беа во посета на Општина Центар.
![Четвртоодделенците од основните училишта во посета на Општина Центар](https://new.mia.mk/images/20221128071806_big_730x400_48.webp )
Скопје, 26 ноември 2022 (МИА) - Во рамки на предметот Историја и општество, изминатата недела учениците од четврто одделение од сите осум основни училишта беа во посета на Општина Центар.
Домаќин на овие ученици и нивните одделенски наставници беше градоначалникот Горан Герасимовски кој на децата преку јасни и разбирливи за нивна возраст одговори им ја објасни неговата улога и ангажираност, додека пак вработените од одделните сектори одговараа на серијата прашања поврзани со поставеноста, начинот на функционирање и ингеренциите на општината.
При организираната посета, како што информираат од Општина Центар, учениците имаа можност да се запознаат и со работата на Советот, а заедно со Сојузот на извидници на Македонија во Младинскиот центар „Матично" се забавуваа цртајќи и гледајќи кратки едукативни цртани филмови. дма/
![Горан Герасимовски](/articles/images/d187d0b5d182d0b2d180d182d0bed0bed0b4d0b4d0b5d0bbd0b5d0bdd186d0b8d182d0/4ypjIW5XH/placeholder.webp?use_watermark=0)