• понеделник, 23 декември 2024

Четврти Социо-еколошки форум

Четврти Социо-еколошки форум

Скопје, 3 јуни 2024 (МИА) - Во Скопје денеска ќе се одржи четвртиот Социо-еколошки форум (СЕФ) во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“. На форумот ќе се дискутира за енергетските политики на земјите од Западниот Балкан и Европската Унија.

Социо-еколошкиот форум ќе биде отворен со воведните излагања на директорот на Фондацијата „Фридрих Еберт“ - канцеларија Скопје, Питер Хурелбринк и проектната менаџерка во фондацијата Ивана Вучкова.

- На првиот панел насловен „Како да се обезбеди социјално праведна енергетска трансформација во ера на растечка сиромаштија и нееднаквости?“ учество ќе земат пратеникот и поранешен вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи, претседателот на Регулаторна комисија за енегетика Марко Бислимовски, претставничката од Интернационалната унија на станари Барбара Стинберген, како и градоначалникот на Тузла, Босна и Херцеговина, Зијад Лугавич, информираат организаторите.

На форумот, се предвидени уште пет панел дискусии на кои експерти од енергетиката, градоначалници, претставници од невладините организации и младински лидери ќе разговараат за потребите и можностите за социјално-праведна енергетска трансформација.

- Предизвиците во поглед на животната средина, зелената агенда, промовирањето на социјалната кохезија преку инвестиции во вработување, квалитетни и инклузивно образование и висококвалитетни услуги за социјална инклузија и заштита, ќе бидат високо на агендата на форумот, посочуваат од Фондацијата „Фридрих Еберт“-канцеларија Скопје. ир/ев/

Фото: Фондација „Фридрих Еберт“-канцеларија Скопје

 

Остани поврзан