• недела, 22 декември 2024

Четврта титула сезонава за Русинката Шнајдер

Четврта титула сезонава за Русинката Шнајдер

 

Хонг Конг, 3 ноември 2024 (МИА) – Првата носителка Дијана Шнајдер ја освои титулата на ВТА турнирот во Хонг Конг, откако во денешното финале ја совлада втората носителка Кејти Бултер со убедливи 6-1, 6-2.

За 20-годишната Русинка, 14. тенисерка во светот, ова е четврта ВТА титула во кариерата, сите освоени оваа година во која триумфираше претходно во Будимпешта, Бад Хомбург и Хуа Хин.

Од друга страна, 28-годишната британска тенисерка Бултер првпат во кариерата го загуби финалниот меч откако претходно освои три титули, две во Нотингем, лани и годинава, а на почетокот од 2024 победи во Сан Диего.

Турнирот во Хонг Конг се играше за награден фонд од 661.000 долари. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан