• понеделник, 23 декември 2024

Четврта титула во СЕХА-лигата за Веспрем

Четврта титула во СЕХА-лигата за Веспрем
Задар, 6 септември 2021 (МИА) – Со синоќешната победа на пенали над хрватскиот шампион ППД Загреб од 31-29 (27-27), ракометарите на унгарски Веспрем ја освоија четвртата титула во СЕХА-лигата и дојдоа на една помалку од македонскиот првак Вардар 1961, кој со пет трофеи останува најуспешна екипа во историјата на ова регионалното натпреварување. За Веспрем ова беше петти настап во финалињата на СЕХА-лигата, во кои единствен пораз претрпеа од Вардар 1961 во сезоната 2016/17, а титулите ги освојуваа во 2015, 2016 и 2019 година. На патот до фајналфорот во Задар, екипата на Загреб беше елиминирана во четвртфиналето од Вардар 1961, но раководството на СЕХА му забрани настап на завршниот турнир на актуелниот македонски првак поради еден позитивен случај на коронавирус во неговите редови. ег/паг/

Остани поврзан