• понеделник, 23 декември 2024

Четворица цивили се повредени во нападот со украински дронови врз регионот на Белгород

Четворица цивили се повредени во нападот со украински дронови врз регионот на Белгород

Москва, 15 август 2024 (МИА) - Четворица цивили се повредени денеска во напад на украинско беспилотно летало врз градот Шебекино во руската област Белгород, соопшти регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.

-Градот Шебекино беше нападнат со беспилотни летала на украинските вооружени сили. Четворица цивили се повредени, меѓу кои и двајца работници за итна помош, напиша тој на својот канал на Телеграм, пренесуваат руските медиуми.

Претходно руското Министерство за одбрана соопшти дека руските системи за противвоздушна одбрана собориле два украински дронови во текот на ноќта и рано утринава. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан