• вторник, 19 ноември 2024

Четворица студенти на платена пракса во Дирекцијата на ТИРЗ

Четворица студенти на платена пракса во Дирекцијата на ТИРЗ
Скопје, 6 март 2022 (МИА) - Во рамки на новиот концепт на менторска програма која Дирекцијата на Технолошко индустриски развојни зони го воведе минатата година со цел на млади луѓе, покрај факултетското образование да им се даде можност да се стекнат со практично искуство и вештини, четворица студенти и дипломци од Универзитетот Гоце Делчев во Штип се на три месечна платена пракса во Дирекцијата. Како што информираат од ТИРЗ, ова е само една од програмите на компанијата наменети за млади со цел поттикнување на креативниот потенцијал на младите и градење на нивните капацитет и усовршување. Овој, втор циклус на пракса се спроведува во рамки на Меморандум за соработка на ТИРЗ со Универзитетот Гоце Делчев во Штип со цел студентите на УГД. Во првиот циклус на пракса беа осум студенти од различни факултети од цела држава, избрани на јавен оглас на ТИРЗ. - Целта на оваа менторска програма е студентите она што го учат во теорија да го применат и во пракса. Ментори од различни сектори од ТИРЗ работат со нив на развој на конкретни вештини. Ова е наш придонес кон креирање на стручни и професионални кадри кои може да напредуваат и да добијат фер шанса овде, дома. Така, двајца практиканти од првиот циклус кои покажаа висок степен на мотивација и резултати ги ангажиравме да работат во ТИРЗ, посочил Јован Деспотовски директор на ТИРЗ. Во соопштението е наведено дека ваква соработка ќе биде воспоставена и со останатите државни и приватни универзитети, со цел младите да добијат вработување, но првенствено солидни плати, кои ќе ги мотивираат да останат во своите општини. свс/сп/

Остани поврзан