• недела, 22 декември 2024

Четворица загинати пакистански војници на границата со Иран

Четворица загинати пакистански војници на границата со Иран

Исламабад, 1 април 2023 (МИА) -  Напаѓачи од Иран се одговорни за смртта на четворица пакистански граничари, соопшти денеска пакистанската армија, пренесоа британските медиуми.

„Нападот го изврши група терористи од Иран, кои ја нападнаа граничната патрола на пакистанската армија и убија четворица војници“, се наведува во соопштението на пакистанската армија.

Пакистанските власти воспоставиле контакт со властите во Иран со цел да преземат ефективни мерки за да се спречат вакви инциденти во иднина, се додава во соопштението на армијата.

Нападот се случил во провинцијата Балучистан, на југозападниот дел на Пакистан, а се уште никој не ја презел одговорноста за него.

Бунтовничките етнички групи во Белуџистан дејствуваат на двете страни на границата со Иран и се борат за поправедна прераспределба на регионалните ресурси, наведуваат британските медиуми. сд/

Остани поврзан