• понеделник, 23 декември 2024

Честитка од Социјалистичката партија по повод 8 Март - Меѓународниот ден на жената

Честитка од Социјалистичката партија по повод 8 Март - Меѓународниот ден на жената

Скопје, 8 март 2023 

Честит 8-ми Март!

Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека во современото живеење борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите и намалување на општествените разлики е сè поизразена. И покрај тоа, местото на жената во денешното општество сèуште ја нема постигнато рамноправноста која на почетокот од минатиот век била дефинирана токму од социјалистите, а за која денес многу често и многу лесно се говори без да се направи сериозен исчекор за суштинска промена.

Така и актуелната лицемерна власт изминативе години со своето демагошко однесување успеа Меѓународниот ден на жената да го сведе на симболичен статус, наводно без политичка конотација, но за нејзина потреба проследен со наратив ограничен само за родова еднаквост.

Затоа, токму овој ден во денешните услови претставува мотив за борба на жените пред сè за економска и политичка еднаквост. Истовремено денес кога нашата нација се повеќе се рони, слабее и исчезнува особено е важно да се нагласи улогата на обичната жена низ историјата и нејзината мајчинска благословена дарба.

Оттаму произлегува правото на жената на еднаквост и правда. Подеднакво на нејзиното право на борба за мир и општ развој.како услов за сигурност на нејзиното семејство.

Жената во македонската историјата има исклучително важна улога како мајка, родител, учител, борец, работник, раководител ...

Денешното современие исполнето со бројни искушенија и секојдневни предизвици бара одлучност и храброст, идеи и иницијатива кои се во карактерот на македонската силна жена. На нашата Татковина мораме да и помогнеме повторно да застане на нозе.

Затоа современата борба на македонската жена не е само борба за нејзината рамноправност и еднаквост со мажот, туку тоа е борба за сочувување на Македонија и опстанок на македонскиот род.

Социјалистичката партија на Македонија со исклучително внимание на сите Македонки им го честита Меѓународниот ден на жените со повик за нивно уште поактивно вклучување во општествените процеси и промените кои ќе следат

Тие дополнително ќе овозможат да се скршат прангите на социјалната и економска обесправеност на жената денес во Македонија, нејзината потчинетост на интересот за профит, со потценување на нејзиниот труд.

Дополнително со активното вклучување на жената и во политичкиот живот со нејзината поизразена улога, влијание и одлучување ќе се постигне конечната цел за целосна еднаквост.

Затоа што на Македонија и е потребно здраво општество со силна жена!

Честит 8-ми Март.

Социјалистичка партија на Македонија

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан