• понеделник, 23 декември 2024

Честитка од Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ по повод 23 Октомври

Честитка од Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ по повод 23 Октомври
Скопје, 23 октомври 2021 Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ на сите граѓани им го честита големиот празник 23-ти Октомври - Ден на македонската револуционерната борба. 23-ти октомври е денот кој е темел на зачетоците за градење на идејата за слободна и самостојна македонска држава. Пред 128 години беше даден заветот кој живееше и ги водеше Македонците низ сите премрежија и предизвици низ кои поминуваше нашата татковина. Револуционерниот идеал на Македонците беше водилката низ Илинденската епопеја од 1903, национално ослободителната партизанската борба која се круниса со АСНОМ и конечно 8-ми септември кога се оствари сонот на Дамјан Груев, Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџиниколов, Андон Димитров и Христо Батанџиев. Токму таа борба и идеја за слободна и независна Македонија беше и остана иста и во 1893 година и во 1903 година и во 1944 година и 1991 година. За идеалот за слободна Македонија се бореа и жртвуваа илјадници храбри синови на Македонија и затоа денес се поклонуваме пред нивниот самопрегор и саможртва. Ние како генерација имаме должност и аманет да продолжиме да ја чуваме, да се бориме и да работиме за оваа идеја и покрај сите нови предизвици со кои се соочуваме и денес. ВМРО е симболот зад кој треба сите граѓани на Македонија цврсто да застанеме без оглед на национална, политичка и било каква припадност бидејќи тоа единствениот начин за подобра иднина за сите луѓе, како и поуспешна и просперитетна Република Македонија. Да живее ВМРО, Да живее Република Македонија Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан