• петок, 05 декември 2025

Честитка од Мисајловски: Денешниот ден не потсетува на храброста, пожртвуваноста и идеалите на нашите предци, кои храбро ја поведоа борбата за слобода

Честитка од Мисајловски: Денешниот ден не потсетува на храброста, пожртвуваноста и идеалите на нашите предци, кои храбро ја поведоа борбата за слобода

Скопје, 11 октомври 2025 (МИА) - По повод чествувањето на Денот на народното востание - 11 Октомври, министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на партизанските гробишта во Бутел положија венец со цвеќе пред спомен-обележјето на хероите од Народноослободителната и антифашистичка борба.

Венец со цвеќе положила и делегација од Армијата предводена од началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

Министерот Мисајловски упати честитка, во која посочува дека денешниот ден не потсетува на храброста, пожртвуваноста и идеалите на нашите предци, кои храбро ја повеле борбата за слобода, правда и достоинствен живот.

- Нивната решителност за создавање независна и слободна држава останува наша трајна и нè обврзува сите нас да се заложиме во изградбата на посилна, посигурна и просперитетна Македонија. Да ја чуваме нашата Македонија. Да ги негуваме слободата, демократијата и заедништвото. Да продолжиме заедно кон визијата за современа, безбедна и просперитетна Македонија!, вели Мисајловски во честитката. фф/бак/

Фото: Министерство за одбрана

Остани поврзан