• понеделник, 23 декември 2024

Честитка од министерот Мисајловски по повод 18-ти Август - Денот на Армијата

Честитка од министерот Мисајловски по повод 18-ти Август - Денот на Армијата

Скопје, 18 август 2024 (МИА) - По повод 18. Август - Денот на Армијата, министерот за одбрана Владо Мисајловски упати честитки и благодарност до сите армиски припадници кои служат со чест, храброст и непоколеблива посветеност.

По повод 18. Август Денот на Армијата, министерот за одбрана Владо Мисајловски упати честитки и благодарност до сите кои служат со чест, храброст и непоколеблива посветеност.

- Вашата професионалност и подготвеност секогаш да одговорите на предизвиците е инспиративна. Секојдневно вложувајќи се со храброст, пожртвуваност и лојалност, вашите придонеси не остануваат незабележани. Вие сте пример за тоа што значи вистинска љубов кон татковината. Верувам во вас и се гордеам со вас. Продолжете да бидете штит на безбедноста и стабилноста на Македонија, нагласува министерот Мисајловски во честитката. дма/

Фото:МО

Остани поврзан