Честитка од министерот за јавна администрација по повод Меѓународниот ден на трудот
- По повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, министерот за јавна администрација Горан Минчев упати честитка до сите работници во државата, со посебна благодарност до административните службеници кои, како што вели, се „двигатели на секојдневното функционирање на државата“.
Скопје, 1 мај 2025 (МИА) - По повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, министерот за јавна администрација Горан Минчев упати честитка до сите работници во државата, со посебна благодарност до административните службеници кои, како што вели, се „двигатели на секојдневното функционирање на државата“.
-Овој ден е не само симбол на работничките права, туку и потсетник дека реформите мора да се водат со интегритет и визија. Денес, повеќе од кога било, граѓаните бараат ефикасна, стручна и департизирана администрација – и ние работиме токму на тоа, истакнува Минчев.
Посочува дека тековните реформи што ги спроведува Министерството за јавна администрација се насочени кон воспоставување јасни критериуми за вработување и напредување, обезбедување фер плати и подобрени работни услови и зајакнување на транспарентноста и отчетноста во институциите.
-Работиме на администрација која ќе биде партнер на бизнисот, поддршка на граѓаните и двигател на европските интеграции. Времето на неефикасност и политички влијанија мора да остане зад нас. Нашата цел е модерна администрација по европски стандарди – достапна, професионална и ориентирана кон резултати, додава Минчев во честитката.
Министерството за јавна администрација соопшти дека упатува порака за „континуиран социјален дијалог и заедничка работа со синдикатите, како предуслов за одржливи реформи и вистински напредок“. хс/дма/
Фото: Министерство за јавна администрација