• вторник, 05 ноември 2024

Честитка од генералниот секретар на СДСМ Зечевиќ до католичките верници

Честитка од генералниот секретар на СДСМ Зечевиќ до католичките верници

25 декември 2023 

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски, упати честитка до верниците од католичка вероисповед и до сите македонски верници кои денеска го празнуваат христијанскиот празник -Рождеството Христово – Божиќ.

„Христовата светлина нека ги осветли Вашите домови. Ви посакувам празничните денови да ги минете во пријатна атмосфера, исполнети со љубов, семеен спокој и добро здравје.

Како што со раѓањето Бог создал човекољубив дух за зближување, нов почеток и нова надеж, во духот на христијанските вредности да придонесеме во зацврстување на заедништвото меѓу народот и  меѓусебно помагање!

Исправени сме пред предизвици коишто само сплотени може да ги надминеме и заедно да обезбедиме сигурна и светла иднина за сегашните и идните генерации.

Водени од вредностите на овој голем празник, од мисијата да се реализира целта којашто носи добробит за сите граѓани, заедно да придонесеме за колективна среќа, безбеден дом, сигурна европска држава", стои во честитката на Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски. 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: СДСМ 

Остани поврзан