• сабота, 21 декември 2024

Честитка од вицепремиерот Стоилковиќ по повод празникот Свети Климент Охридски

Честитка од вицепремиерот Стоилковиќ по повод празникот Свети Климент Охридски

8 декември 2024 

 Чествувањето на ликот и делото на светиот Климент Охридски - еден од основоположниците на словенската писменост и литература, научник, писател, просветител и првиот словенски епископ и основач на Охридската книжевна школа попозната како Првиот словенски универзитет, е потсетник дека неговата, но и визијата на неговите учители, светите Кирил и Методиј, за образованието и писменоста, односно за градењето на попросперитетен свет треба да остане вградена во темелите врз кои опстојува цивилизацијата.

Мисијата и делото на свети Климент Охридски и понатаму треба да останат онаа нишка која нѐ сплотува, но во исто време и поука и аманет дека чувањето на традицијата е обврска, пред сѐ, заради генерациите кои доаѓаат.

Нека ни е честит празникот и нека е вечен споменот за светиот Климент Охридски и неговото дело.

 

Кабинет на потпретседател на Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан