• вторник, 02 јули 2024

Честитка до претседателката Давкова од Сојузот на Македонците со исламска религија

Честитка до претседателката Давкова од Сојузот на Македонците со исламска религија

Дебар, 21 мај 2024 (МИА) - Сојузот на Македонците со Исламска религија, СМИР,  упати  честитка до претседателката Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот избор, посакувајќи и плодна и успешна работа.

Вашата инаугурација како прва жена Претседател на Република Македонија, стои во честитката, е историски момент кој го поздравуваме со особено задоволство.

-Веруваме дека со успех ќе ја водите државата и ќе покажете дека успешно може да се оди и кон Европа но и да се штитат интересите на македонскиот народ и граѓаните на Македонија, се наведува во честитката потпишана од Латиф Пајкоски, претседател на СМИР. вт/аа/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан