• сабота, 16 ноември 2024

Челси го позајми Џејдон Санчо, а Арсенал - Рахим Стерлинг

Челси го позајми Џејдон Санчо, а Арсенал - Рахим Стерлинг

Лондон, 31 август 2024 (МИА) - Џејдон Санчо го напушти Манчестер Јунајтед и замина на позајмица во Челси, додека Рахим Стерлинг го замени дресот на Челси со црвениот на градскиот ривал Арсенал. Ова беа, за Англичаните, последните две „бомби“ од комплетираниот летен преоден рок во Премиер лигата.

Заминувањата на Санчо и Стерлинг не се изненадување, и двајцата беа „пречкртани“ во своите клубови, но изборот на новите средини секако е. Менаџерот на Арсенал, Микел Артета дури завчера, барем според медиумите, почнал да размислува дали и зошто му е потребен Рахим Стерлинг. Тој процени дека, за да атакува на титулат,а мора да има уште едно крило и се беше направено набрзина.

-Неверојатно е чувството да се дојде во Арсенал, многу сум возбуден што се враќам во клубот за кој сонував во моето детство. Кога ќе погледнам сè, можам да кажам дека ова е совршеното сценарио за мене, изјави Стерлинг по пристигнување во „Емирати“ на позајмица.

Интересен детал од биографијата на Стерлинг е дека како талентирано дете бил скаутиран од академијата на Арсенал, но мајка му сметала дека е подобро да не расте во Лондон туку во Ливерпул, па затоа од КПР заминал во клупската академија на „Енфилд“.

Поголемо изненадување е доаѓањето на Џејдон Санчо од Манчестер Јунајтед во Челси. Го бараа главно клубови надвор од Островот, а во Челси беше донесен на позајмица со откупна клаузула за околу 25 милиони фунти следното лето.

Доаѓањето во Јунајтед во 2021 година не беше среќна одлука за брзоногиот напаѓач, кој на 83 натпревари постигна 12 гола и шест асистенции. Челси има голем број играчи на крилните позиции, ќе видиме каде го гледа Енцо Мареска во тимот. дс

Фото: Арсенал

Остани поврзан