• петок, 05 декември 2025

Челзи ќе донира дел од бонусите за освојување на Светското клупско првенство на семејството на Диого Жота

Челзи ќе донира дел од бонусите за освојување на Светското клупско првенство на семејството на Диого Жота

Лондон, 14 август 2025 (МИА) - Челзи ќе донира дел од бонусите за победата на тимот на Светското клупско првенство на семејството на починатиот играч на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва, објавува „Атлетик“.

Вкупно, лондонскиот клуб доби 15,5 милиони долари за освојување на турнирот. На 13 јули, Челзи го победи ПСЖ во финалето (3:0).

На 3 јули, 28-годишниот Жота и неговиот 25-годишен брат загинаа во сообраќајна несреќа во Шпанија.

Според прелиминарниот заклучок за причините за несреќата, автомобилот што го возел Жота ја надминал дозволената брзина. За време на престигнување, гумата на автомобилот пукнала па фудбалерот ја изгуби контролата врз возилото кое излета од патот и се запали. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан