• петок, 05 декември 2025

Челзи е отворен за понуди за Стерлинг

Челзи е отворен за понуди за Стерлинг

Лондон, 19 август 2025 (МИА) – Фудбалерот на Челзи, Рахим Стерлинг, може да ја продолжи кариерата во друг клуб, објави Телеграф.

Лондонските „Сини“ се отворени за понуди за позајмица за 30-годишниот Англичанец. 

Исто така, се објавува дека Челзи сака да добие уште осум играчи пред да се затвори преодниот рок.

Стерлинг ја помина сезоната 2024/25 во Арсенал. Тој на 28 натпревари постигна еден гол и пет асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан