• сабота, 14 септември 2024

Челзи го позајми Фофана на Гезтепе

Челзи го позајми Фофана на Гезтепе


Лондон, 13 септември 2024 (МИА) – Англискиот прволигаш Челзи ќе го прекомандува напаѓачот Давид Фофана во турски Гезтепе, објави денеска Фејсбук италијанскиот новинар Фабрицио Романо.
Дваесетиедногодишниот напаѓач од Брегот на Слоновата Коска ќе биде во тимот на Гезтепе барем до средина на актуелната сезона. Поранешниот играч на Молде потоа може да биде вратен во тимот на Челзи или да биде позајмен во друг тим.
Фофана веќе имаше позајмици во Унион Берлин и Барнли во 2023 и 2024 година.
За услугите на Фофана беше заинтересиран и грчки АЕК.
Фофана дојде во Челзи како голема ѕвезда од норвешкиот фудбал. Една сезона пред да се пресели на „Стемфорд Бриџ“, репрезентативниот напаѓач на Брегот на Слоновата коска беше фантастичен во дресот на Молде за кој на 24 натпревари постигна 15 голови и додаде пет асистенции. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан