• четврток, 04 јули 2024

„Челенџерот“ за кошаркари под 16 години во Скопје, без репрезентациите на С. Македонија и Грција

„Челенџерот“ за кошаркари под 16 години во Скопје, без репрезентациите на С. Македонија и Грција
Скопје, 13 август 2021 (МИА) - Репрезентациите на С. Македонија и на Грција нема да учествуваат на претстојниот ФИБА „Челенџер“ турнир за кошаркари под 16 години што од 16 до 21 август ќе се одржи во Скопје. Како што информираат од Кошаркарската федерација на Северна Македонија, со оглед на кусиот временски период и невозможноста за максимално посветување на обврските кои следуваат во петте натпреварувачки денови на „Челенџерот“, одлучено е настапите на нашата селекција да бидат откажани. Истото се однесува и за селекцијата на Грција за кошаркари под 16 години. Поради истите проблеми, ниту селекцијата на нашиот јужен сосед нема да допатува во Скопје и да ги одигра петте натпревари од групата „А“ на ова натпреварување. Дополнуваат дека во мошне краток временски период, ФИБА ќе подготви нов распоред на натпреварите во оваа група во која по овие откажувања ќе се натпреваруваат репрезентациите на Франција, Русија, Литванија и Романија. ар/

Остани поврзан