• понеделник, 23 декември 2024

Чавушоглу: Да се спречи Ирак да стане арена на конфликти меѓу странските сили

Чавушоглу: Да се спречи Ирак да стане арена на конфликти меѓу странските сили
Багдад, 9 јануари 2020 (МИА) - Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу денеска во Багдад изјави дека треба да се спречи Ирак да стане арена на конфликти меѓу странските сили. - Турција и Ирак ќе ја продолжат соработката за надминување на овој мрачен период во историјата на Ирак. Повикуваме да се спречи нашиот сосед да стане арена на конфронтација на странските сили, рече Чавушоглу на прес-конференција во ирачкиот главен град. Чавушоглу оцени дека „неодамнешните напади врз воените бази во Ирак покренаа сериозни прашања во регионот“.   Тој го посети Багдад во обид да се смират тензиите еден ден по иранскиот напад на две бази во Ирак што ги користат американските сили. „Чавушоглу заминува за Ирак како дел од засилените дипломатски напори на Анкара за смирување на тензиите по неодамнешните случувања во регионот“, соопшти вчера турското Министерство за надворешни работи. Чавушоглу во понеделникот рече дека Турција е во контакт со сите страни во регионот, како и со Вашингтон, со цел деескалирање на тензиите, инстакнувајќи дека Анкара ќе се обврзе да помогне во решавањето на проблемот. паг/  

Остани поврзан