• петок, 08 ноември 2024

Чавушоглу: Шведска да преземе дополнителни чекори ако сака да стане членка на НАТО

Чавушоглу: Шведска да преземе дополнителни чекори ако сака да стане членка на НАТО

Анкара, 5 април 2023 (МИА) - Шведска мора да преземе дополнителни чекори за Турција да ја ратификува нејзината кандидатура за членство во НАТО, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, еден ден откако Финска официјално се приклучи на воената алијанса.

Чавушоглу изјави дека со американскиот државен секретар Антони Блинкен во Брисел разговарал за кандидатурата на Шведска за НАТО и за прашањето за американска продажба на борбени авиони Ф-16 на Турција.

Турскиот министер за надворешни работи, исто така, денеска изјави дека со неговиот руски колега Сергеј Лавров, за време на неговата овонеделна посета на Турција ќе разговара за војната во Украина.

Чавушоглу, исто така, рече дека Анкара работи со Обединетите нации за решавање на проблемите поврзани со извозот на жито и ѓубрива преку Црното Море. Тој исто така рече дека е загрижен поради подготовките на завојуваните страни за понатамошни напади. ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан