Чави Симонс одлучи да го напушти Лајпциг
- Фудбалерот од средниот ред на Лајпциг, Чави Симонс одлучи да го напушти тимот во летниот преоден рок, објави новинарот Фабрицио Романо.
Лајпциг, 18 јуни 2025 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Лајпциг, Чави Симонс одлучи да го напушти тимот во летниот преоден рок, објави новинарот Фабрицио Романо.
Според Рома, за 22-годишниот Холанѓанец заинтересирани се Баерн Минхен, Арсенал, Ливерпул, Манчестер сити и Манчестер јунајтед.
Германскиот клуб ќе бара околу 80 милиони евра за продажба на Симонс.
Во сезоната 2024/25, Симонс постигна 10 гола и направи осум асистенции на 32 натпревари за Лајпциг во сите натпреварувања. Неговиот договор е до 30 јуни 2027 година.
„Transfermarkt“ ја проценува вредноста на трансферот на играчот на 70 милиони евра. зс/
Фото. ЕПА