• понеделник, 28 октомври 2024

Чави: За жал, Барселона не може да си дозволи да ги ангажира Халанд и Мбапе

Чави: За жал, Барселона не може да си дозволи да ги ангажира Халанд и Мбапе

Барселона, 3 јануари 2024 (МИА) - Тренерот на Барселона, Чави е свесен дека финансиските можности на клубот не дозволуваат трансфер на врвен играч од типот на Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе.

-Халанд или Мбапе? Сега не можеме да помислиме на Халанд или Мбапе да се приклучат на Барса. За жал, не можеме да си дозволиме да ги ангажираме овие играчи. Задоволен сум со играчите што ги имам. Треба да достигнеме подобро ниво, бидејќи во овој клуб секогаш треба да бидеме на врвот, изјави Чави за новинарот Фабрицио Романо.

По 18 кола, Барселона е четврта во шпанската Ла Лига со 38 бодови.

Каталонците се бранители на шампионскиот трофеј во шпанското фудбалско првенство. зс/

Фото; ЕПА

Остани поврзан