• петок, 04 октомври 2024

ЦУК: Се гасне пожарот во велешкото село Карабуниште

ЦУК: Се гасне пожарот во велешкото село Карабуниште

Скопје, 1 септември 2024 (МИА) - Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека се гасне пожарот во атарот на село Карабуниште, меѓу Велес и Зелениково. Пожарот избил од внатрешноста на селото, околу 16 часот, а од огнот се зафатени неколку куќи.

- Патот до селото е тешко пристапен поради што на пожарникарите им е потребно многу време. Заради пократок циклус на гаснење полицискиот хеликоптер „Ми - 171“ полни вода од вливот на Треска во Вардар меѓу високи тополи, се наведува во соопштението од ЦУК.

Во гаснењето на пожарот се вклучени и локалните жители. мд/мч/

Фото: ЦУК 

 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан